Можеби многумина од вас ова го знаат подобро од мене, но мислам дека секогаш ќе се најде некој кому ова што е овде напишано ќе му биде од помош.Би ги замолил оние кои знаат повеќе и имаат искуство со кладењето да ги изнесат своите мислења во оваа рубрика на форумот.Сите знаеме дека кај кладењето е најбитно правилно да се изберат паровите и типот, но што ако да речеме имаме во текот на еден месец погодено 60%-70% од типовите и пак сме во минус.За да не се случи ова,многу е битно да се почитуваат одредени работи,односно да се има една стратегија и доследност во кладењето.
Овде сакам да се дискутира за следниве работи:
1. "Money management" - колкава банка да се користи, колкав дел од банката на секој сингл или дубл; дали треба да се зголемува влогот кога ќе ја зголемиме банката ;дали да се игра постојано на исти влог (flat) или да се наголемува влогот прогресивно ;дали е паметно да се зголемува влогот прогресивно(на пример секој наред влог дупло од претходниот) кога имаме позитивен низ(погодени) или пак кога имаме негативен низ (промашени неколку по ред).Каква прогресија да се избере? Сите ваши искуства и калкулации се добродојдени.
Мое мислење е дека било каков "Money management" е подобар од никаков (од лично искуство).
2. Сингл, дубл или двознаци? Што мислите :дали е подобро да се микса или треба да се играат само синглови (јас сум за синглови).Дали е посигурно да се погоди еден сингл со коефициент 2 или тикет со 3-4 двознака со иста вкупна квота 2.
3. "Surebet" - незнам баш дали ова може да се нарече кладење но станува збор за следново: бидејќи коефициентите за конечен тип за еден ист пар се различни кај различни обложувалници, понекогаш можат да се пронајдат такви коефициенти за еден исти пар (но кај различни обложувалници!) да сигурно добивате ако уплатите на сите три можни исходи (1,X ili 2).
Да кажеме дека во некоја обложувалница коеф. на 1 е 1.80 , во друга на X e 4.00 а во трета на 2 е 8.00. Условот за Surebet" е следниов:
1 / (коеф. на тип 1) + 1 / (коеф на тип X) + 1 / (коеф. на тип 2) < 1.00
Со коеф. од примерот добивам 0.93 < 1.Тоа значи дека добивката ќе биде 7% од влогот,значи на пример на 1.000 евра добивка е 70 евра.Тоа значи дека на секој фикс треба да добиеш 1070 евра, па влогот на секој фикс ќе го добиеме кога 1070 ќе го поделиме со коефициентот на секој фикс (пр на тип 1 вложуваме 1070 / 1.8 = 594,45 евра).
На крај мора да напомнам дека е скоро невозможно да се игра на овој начин во локалните обложувалници и мора да се игра он-лајн, и тоа потребно е минимум барем 10-15 акаунти кај различни он-лајн обложувалници.
Линк за барање на surebet-ови:
http://www.betbrain.com/surebets.do?site=04. Наместени натпревари Дали постојат, дали треба да веруваме и колку да вложуваме на нив, на кој да му веруваме?
Јас мислам дека секако дека има наместени натпревари но не толку како што мислат некои.Ако мислите дека натпреварите постојано се местат тогаш подобро престанете со кладењето. Овие дојавите, некогаш доаѓаат некогаш не, па ако мислите да се кладите на вакви натпревари не би било лошо за тоа да направите еден посебен фонд и да се кладите само со тие пари.Пред да ставите поголема сума на пари на некој натпревар за кој сте информирани дека е наместен тогаш прво помислете што ќе биде ако ги изгубите тие пари.За мене правилото е: никогаш не го вложувај она кое не си спремен да го изгубиш, затоа што ништо не е сигурно.Често пати вакви „дојави“ знаат да пуштат и самите кладилници па ќе дојдат еднаш,двапати да те навлечат, а потоа ти ќе ставиш поголем влог и на крај се ќе отиде по ѓаволите (тоа е старата добра чичино бричино тактика со навлекување).Сум видел и сајтови и форуми кои нудат дојави демек 10/10 а на истите тие главен спонзор е некоја обложувалница.Па како да им верувам,тоа е добра предност за кладилниците кога однапред знаат на што ќе се клади масата.
Резиме: многу внимателно со овие наместени натпревари, ставајте секогаш исти влог , никогаш немојте да се лакомите.( моето искуство - во благ минус со вакви натпревари,но само бидејќи не ставав секогаш ист влог)
5. Public betПостои мислење дека кога на некој тип масовно се игра станува "public bet" и тука обложувалниците се вмешуваат во исходот на натпреварот за да ги избегнат големите губитоци, за на крај исходот на натпреварот најчесто да не испадне онака како што сите ние сме очекувале. Што мислите за ова? Како да пронајдеме кој пар е "public bet" и дали треба да ги одбегнуваме овие парови?
Ете тоа е отприлика за што сакам да се пишува на овие теми.Ако постои интерес јас можам да разглобувам уште повеќе.