Како што пишува во насловот, целта на овој форум е со што поголем број на квалитетни типови од што поголем број искусни типери да се победат кладилниците.И не само со типови,туку и со совети до понеискусните типери.
Знам дека има вакви форуми на англиски,српски/хрватски,бугарски и останати нам разбирливи јазици еден куп, но ете јас мислам дека нема еден ваков масовен форум на македонски јазик,а знам дека во Македонија масовно се обложува.Знам и дека има многу Македонци успешни типери по горенаведените форуми.Значи, многу драго ќе ми биде ако успееме заеднички да направиме еден масовен и успешен македонски форум од овој тип.
Сега,веднаш да кажам дека мене воопшто не ми е битно што јас сум Администратор овде, ако некој има идеја или успее да го разработи форумот, ќе му дадам веднаш прво модераторски а потоа и администраторски права.Еве првите тројца што ќе имаат повеќе од 100 постови и повеќе од 50% погодени типови ќе станат автоматски модератори.Ако продолжат со својата успешна работа, во рок од месец-два истите ќе добијат администраторски привилегии.
Ова е слободен форум, и никој не треба да плаќа ништо, единствено што сакам е да се зачлените и да испраќате што повеќе успешни типови.
Отворено испраќајте ги вашите предлози во врска со овој форум во назначениот топик за тоа, ве очекувам!
Им посакувам многу среќа и успех на сите членови!