Сведоци сме дека и оние натпревари за кои многумина мислат дека се сигурни и на кои едната екипа е голем фаворит, не секогаш завршуваат со очекуваниот исход.
Размислувајки така јас развив еден систем кој се базира на "surebet" системот кој го презентираше накратко колегата Inkubuss. Да не должам,за да го играте овој систем потребно ви е:
1. Натпревар на кој коефициентот на фаворитот не преминува 1,40 (заради исплатливост)
2. Да имате отворен акаунт на некоја онлајн обложувалница (јас играм на bet365.com) и примерот ќе биде со коефициенти од таа обложувалница, веројатно исти или слични видови на игри кои ке бидат во примерот постојат и кај другите обложувачници.
3. Пари се разбира
- кој колку сака , но овде ке кажам дека добивката зависи од влогот, како и при секое обложување. Инаку добивката со овој систем се движи некаде од 10 до 35% од влогот, зависно од тоа како ќе ги изберете типовите
-Системот ќе го презентирам на примерот на натпреварот кој се игра вечерва (24.09.2008) во 20:30h :
Inter - Lecce (коефициентот на тип 1 е 1,16 , значи задоволен е условот под точка 1)
- Најбитно е да се најдат такви видови на игри за дадениот натпревар така да со што поголема веројатност го покријат можниот исход на мечот.Јас овде мислам дека може да дојде тип 1 или тип X (да, го покриваме и нерешеното
) , но мислам дека Inter нема да постигне повеќе од 3 гола (не дај Боже
)
- Затоа ги бирам следните типови и ги уплаќам сите во сингл:
I) Inter to win by 1goal @ 4,00(Inter да победи со 1гол разлика) ; значи првиот коефициент
К1 = 4,00II)score draw @ 12,00 ;(значи секој нерешен исход освен 0:0)
К2 = 12,00III)Inter - Lecce : 2:0 @ 6,00 (точен резултат)
К3 = 6,00IV)Inter - Lecce : 3:1 @ 11,00(точен резултат)
К4 = 11,00V) Inter - Lecce : 3:0 @ 7,00 (точен резултат)
К5 = 7,00.
Наместо точен резултат 3:0 може да се стави 4:1,коефициентот е 15,00,значи поголем и би имале поголема добивка.Можете резултатот 4:1 да го додадете како тип број VI, но со тоа малку би се намалила добивката.Ако сакате,можете како тип број VI да го додадете типот :
no score draw @ 12,00,(тоа значи реми без голови) можете да правите разни комбинации, но условот за исплатливост е следниот:
- Бројот 1 (еден) го делите со секој од коефициентите (К1,К2,К3,К4...и така натаму во соглсност на тоа колку типа сте избрале) и потоа кога сето тоа ќе го соберете треба да ви даде збир < (помал) од 1,00 ; т.е за мојот пример имаме:
A = 1/K1 + 1/K2 + 1/K3 + 1/K4 + 1/K5 < 1,00Со коефициентите од примерот имаме:
A = 1/4,00 + 1/12,00 + 1/6,00 + 1/11 + 1/7,00 = 0,7337662 ,значи :
A = 0,7337662Овој број
A = 0,7337662 е многу битен, колку помал е тој, толку поголема добивка имаме за иста сума на вложени пари и е критериум за тоа како да ги бираме типовите.
Сега врз база на тој број А ја одредуваме добивката во проценти за евентуален влог:
D = [dobivka (vo procenti od vlog)] = (1/A - 1) * 100%За мојот пример имаме:
D = (1/0,7337662 - 1) * 100% = 36,283% од влогот.
Сега секој треба да си го одреди вкупниот влог на типовите кои ќе ги игра.Јас избирам вкупниот влог на сите 5типа од погоре да биде 100 евра.Значи:
V = [влог] = 100euroСо овој влог од 100 евра ја пресметуваме евентуалната бруто добивка:
BD = [бруто добивка] = V + V * D /100 = 100 + 36,283 = 136,283eurСега треба да ги одредиме влоговите на секој од типовите поединечно(во овој случај влоговите за 5-те типа).Тоа го правиме вака:
VK1[влог на K1] = BD/K1 = 136,283 / 4,00 = 34,07EUR
VK2[влог na K2] = BD/K2 = 136,283 / 12,00 = 11,357EUR
VK3[влог на K3] = BD/K3 = 136,283 /6,00 = 22,71EUR
VK4[влог на K4] = BD/K4 = 136,283 /11,00 = 12,39EUR
VK5[влог на K5] = BD/K5 = 136,283 /7,00 = 19,47EURАко ги собереме сите влогови VK1,VK2,VK3,VK4 i VK5 добиваме рамно 100eur влог, а евентуалната добивка ако погодиме еден од сингловите (повеќе не може, бидејќи еден со друг се исклучуваат) е 136,283.Значи коефициентот на системот би бил:
КS = 136,283 / 100 =
1,3628.На крај сакам да напишам нешто за предностите и маните на овој систем.Предност е што добиваме поголема сума на пари отколку ако играме на чист тип 1 (овдека коефициент на тип 1 = 1,16 за разлика од нашиот апроксимативен коефициент 1,3628) и што е покриено евентуално изненадување со нерешен резултат (освен 0:0).Негативно е тоа што не се покриени одредени исходи при победа на фаворитот (Inter), во примерот да победи Inter со 4:0, 4:1, 5:0, 5:1 итн.
Се разбира можни се комбинации во кој би фигурирал и двознак X2, на пример на денешниот меч Juventus - Catania би ги избрал следните типови:
I)Juventus - Catania : X2 @ 3,50
II)Juventus - Catania : Juve win by 1goal @ 3,40
III)Juventus - Catania : 2:0 @ 6,00
IV)Juventus - Catania : 3:1 @ 11,00
Овдека добивката е околу 25% од влогот, а ги имаме покриено сите 3 типа,се разбира исклучок се победи на Juventus во кои Juventus би постигнал 4 или повеќе голови.
Значи ова не е "surebet" систем, може да се случи и да не добиете, т.е да изгубите поголема сума на пари,но затоа може да се обложувате само на една обложувалница,за разлика од "surebet" системот за кои се потребни барем 10различни обложувалници.
ЈАС НЕ ГО ПРЕЗЕМАМ РИЗИКОТ ВО СЛУЧАЈ ДА НЕ ДОБИЕТЕ, ОД ПРОСТА ПРИЧИНА ШТО ВИЕ САМИТЕ ГИ ИЗБИРАТЕ ТИПОВИТЕ И ВЛОГОТ, НИТУ ПАК БАРАМ ПАРИ ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА ОВОЈ СИСТЕМ НА ОБЛОЖУВАЊЕ.СЕКАКО ЌЕ СЕ СОГЛАСИТЕ ДЕКА СО ОВОЈ НАЧИН НА ИГРАЊЕ ИМА ГОЛЕМА ВЕРОЈАТНОСТ ЗА ДОБИВКА, НО ТОА НЕ ИСКЛУЧУВА ИСХОД ПРИ КОЈ МОЖЕТЕ ДА ИЗГУБИТЕ ПАРИ.
МНОГУ СРЕЌА И УСПЕХ!
>Admin